На 21 септември 2020 година беше одржана Вики конференција за наставници во училиштето „Св. Климент Охридски“ во Драчево. За време на обуката беа запазени сите препораки за претпазливост во врска со КОВИД-19.
Обуката ја поминаа 35 наставници.
На 21 септември 2020 година беше одржана Вики конференција за наставници во училиштето „Св. Климент Охридски“ во Драчево. За време на обуката беа запазени сите препораки за претпазливост во врска со КОВИД-19.
Обуката ја поминаа 35 наставници.
На 28 јули 2020 година беше потпишан договор за соработка со Хидробиолошкиот завод во Охрид. Овој договор предвидува соработка на Википедијанците со Заводот. Соработката во најголем дел ќе се состои во тоа што вработените научни работници во Заводот да помагаат со информации, текстови и фотографии при создавање на нови и надополнување на постоечките статии на Википедија на македонски јазик поврзани со флората и фауната во реонот на Охридското Езеро.
Фотографија од потпишувањето на договорот за соработка
Статии без илустрација или на англиски јазик: Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP) е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии. Ова е огромен јаз кој оваа кампања се обидува да го премости. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“.
За македонските уредувачи обезбедивме посебни награди, а може да освоите и некоја од меѓународните награди.
Времетраење: од 1 јули до 31 август 2020 година
Како да учествувате: Мора да имате корисничка сметка на Википедија. Доколку немате, направете ја. Прочитајте ги внимателно останатите правила на проектната страница.
Во соработка со здружението „Споделено знаење“, го организиравме уредувачкиот натпревар за ученици на возраст од 15 – 18 години под името „Потребни статии“, што се одвиваше во период од 15 април до 15 мај 2020 година.
Резултатите од натпреварот се следниве:
*Учестуваа 12 ученици од цела Македонија
*Сите заедно создадоа вкупно 123 статии
*Според доделените поени од страна на жири комисијата, првите тројца победници, како и останатите, се според овој редослед:
Пред прогласувањето на пандемија од коронавирус, и пред вонредната состојба во земјава, членовите на ГЛАМ Македонија работеа на реализација на неколку проекти, како на пример: Вики Камп за ученици, кој требаше да се одржи во последниот викенд на март 2020 г., конференција за наставници, и неколку работилници кои беа договорени.
Но, поради развојот на ситуациите со COVID-19 во земјава и во светот, ГЛАМ Македонија ги откажа сите настани во живо, на неопределено време.
Членовите на ГЛАМ Македонија за време на пандемијата, под мотото „Остани дома“ работеа на создавање статии на Википедија на македонски јазик, зедоа учество во повикот за уредување на статии по повод „Меѓународниот ден на Ромите“, што се одржа од 7 – 12 април 2020 г.
Во соработка со здружението „Споделено знаење“, го организираме натпреварот за ученици на возраст од 15 – 18 години, што се одвива во период од 15 април до 15 мај 2020 година.
Соработката со Природо-научниот музеј тече, иако не се можни средби во живо. Сепак, матичниот Википедијанец ги подели материјалите со останататите членови, што овозможува дел од работата да биде завршен од дома.
Останете дома, бидете заштиени, и уредувајте на Википедија.
Во февруари 2020 година започна соработката со Природонаучен музеј во Скопје, со потпишување на Договор за соработка. Преку соработка со оваа установа, очекуваме Википедија на македонски јазик да се збогати со нови и подобрени статии за инсектите во Македонија, но и за други теми што се специјалност на Природонаучниот музеј.
На 18 февруари 2020 година започна со работа седмиот Вики Клуб во Македонија што го води ГЛАМ Македонија, Вики Клуб Велес. Координатор на Клубот е професор Лили Арсова, а на првата обука за уредување на Википедија беа обучени петнаесеттина ученици. Вики Клубот работи во рамки на училиштето „Васил Главинов“.
Во текот на денот, беше потпишан меморандум за соработка со Општина Велес.
Дел од атмосферата на фотографиите:
На 15 јануари 2020 година Википедија наполни точно 19 години од своето постоење. Со цел да се одбележи денот, Википедијанците уредувачи од Македонија се вклучија во идејата да се напише статија како подарок. Беа создадени 25 нови статии на Википедија на македонски јазик, од 20 уредувачи. Во вечерните часови, пак, Википедијанците се собраа на средба, каде беше послужена роденденска торта.
Списокот на статии-подароци може да се види на линкот:
https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Википедија_19
На 13 декември 2019 година се одржа тричасовна работилница со членовите на Вики Клубот Старо Нагоричане. Членовите на Вики Клубот уредуваа статии поврзани со Република Српска.
Беа создадени 14 нови статии на Википедија на македонски јазик.
Овој проект беше сработен во соработка со Викимедијанската заедница на Република Српска, а во склоп на нивниот поширок проект „Запознајте ја Српска“.