Во фокусот: Италија беше уредувачки едно месечен предизвик за студентите од италијанската катедра на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, што се одржа од 01 април 2023 до 30 април 2023. Проектот беше во организација на Здружението ГЛАМ Македонија а поддржан од Амбасадата на Италија во Скопје.
Во фокусот: Италија се спроведе со цел да се намали недостатокот на статии со италијански теми за музика и филм на Википедија на македонски јазик. Сите студенти од италијанската катедра беа добредојдени да го дадат својот придонес.
На уредувачкиот маратон беа создадени 39 нови статии од 6 студенти кои создоа статии на теми за музиката и филмот низ времето во Италија.
Според жири комисијата (Снежана Штрковска, Никола Стојаноски и Проф. Д-р Лучиана Гуидо Шремпф), резултатите можете да ги видите на следниот линк:
Најдобрите шест студенти ќе добијат наградите и дипломите.
Доделувањето на наградите ќе биде на 21 мај (недела) 2023 година во 20 часот во Кинотека на С. Македонија каде во склоп на денови на италијанскиот филм, амбасадорот на Италија во Скопје лично и свечено ќе им ги додели наградите на добитниците.
Голема благодарност до менторката Проф. Д-р Ирина Талевска и Проф. Д-р Лучиана Гуидо Шремпф, менторка и раководител на Катедрата за успешно завршен проект во соработка со Глам Македонија и Амбасадата на Италија во Скопје.
На работилницата за запознавање со народниот традиционален инструмент гајда, гостин беше 85 годишниот Лазар Петровски од Велес. Тој на своите 48 години започнал да свири гајда
На втората работилница нашиот млад и извонреден сограѓанин, велешанецот Филип Арилон, кој е дипломиран музичар, на работилницата, ги запозна учесниците со народниот инструмент кавал.
Двете работилници беа проследени на меѓусебно задоволство, затоа што младите

Викимедија Србија секоја година на Викилајф конференцијата ги поканува сите ученици од регионот да чујат и да ги споделат своите искуства и успешни проекти и модели на соработка кои би можеле да се имплементираат со заедницата во иднина.
Глам Македонија и Амбасадата на Италија во Македонија организираат проект кој е моментално во тек за едномесечен уредувачки предизвик ‘’Запознајте ја Италија’’, каде членовите на Вики клубовите се поканети да пишуваат и уредуваат статии поврзани со културата историјата и на други теми за Италија, додека пак студентите од УКИМ се поканети да пишуваат на теми за музиката и филмот низ времето во Италија.