На ден 14.03.2023 година, девет ученици од седмо одделение добија обука како да уредуваат статии на Википедија на македонски јазик.
Тренер на обуката беше: Елена Крстева.
На ден 14.03.2023 година, девет ученици од седмо одделение добија обука како да уредуваат статии на Википедија на македонски јазик.
Тренер на обуката беше: Елена Крстева.
Глам Македонија и Амбасадата на Италија во Македонија потпишаа договор за меѓусебна соработка за едномесечен уредувачки предизвик ‘’Запознајте ја Италија’’.
Едомесечниот предизвик е во времетраење од 01.03 до 31.03 овааа година, а сите членови на Вики клубовите се поканети да учествуваат и да го дадат својот придонес со нови статии за италијански теми на Википедија на македонски јазик.
Како новитет во овој проект, на наше големо задоволство за прв пат ќе се приклучат и студентите од УКИМ од катедрата за италијански јазик и книжевност.
Проектот е во организација на Здружението Глам Македонија а поддржан од Амбасадата на Италија во Скопје.
Вработените и членовите на Глам Македонија оваа година неуморно работат и имаат за цел да се зголемуваат со нови клубови низ цела Македонија.
Па така на 10.03.2023 година, во ОУ. “Никола Карев” – Кочани, се отвори нов Вики клуб. Клубот го сочинуваат 10 ученици под менторство на наставник и магистер Љупка Стојменoва.
Учениците и новите членови добија обука за уредување статии на Википедија на македонски јазик. Веднаш, секој од нив направи своја статија со која го потврдија интересот за корисен волонтеризам.
Обучувач на учениците беше нашата вработена за назначена за образование: Елена Крстева коja им ги презентираше активностите, идните и минати проекти на Глам Македонија.
Да им посакаме топло добредојде и на наставник Кошев за долгата соработка и успешна реализација во остварување на активностите.
На 6 март 2023 година, по повод наближувањето на Меѓународниот ден на жената, се одржа уредувачки маратон на тема Жена. Сите уредници на Википедија на македонски јазик беа повикани и добредојдени да го дадат свој придонес.
Пожелно беше статиите да бидат биографии на жени кои оставиле придонес за човештвото на било кој начин.
Свој придонес го дадоа 35 учесници и напишаа нови 50 нови статии на Википедија на македонски јазик.
Википедија и википедијанците на македонски јазик веќе неколку година наназад го даваат својот придонес на Википедија, пишувајќи за жените ширум светот.
На тој начин Википедијанците го прославија и го честитаа празникот на жената.
Дванаесет ученици од основното училиште во Центар ”11 Октомври” од Скопје добија обука за уредување статии на Википедија на македонски јазик.
На ден 03.03.2023 година, дванаесет ученици од шестто и седмо одделение добија обука како да уредуваат статии на Википедија. Тренер на обуката беше: Елена Крстева.
Ваквиот тип на обуки се од наше големо значење и повеќе се од потребни, со цел македонската Википедија да се надоплонува со интересни и нови статии како и да се зголемува бројот на нови ученици кои сакаат да допридонесуваат на Википедија на македонски јазик.

На предавањата, учество зедоа дури 14 наставници по различни наставни предмети, а предавачи беа М-р Татјана Гогоска која зборуваше за Медиумската писменост и култура кај возрасните и нивното влијание врз деца, Ана Вишинова за Вики Клубовите и Вики Камповите, нашата вработена – Елена Крстевска и претседателката на ГЛАМ Македонија – Снежана Штрковска, која наставниците ги запозна со активностите на организацијата.
На крајот од 3 часовниот семинар, сите учесници се здобија со Сертификат за успешно завршен семинар.
По повод претстојното одбележување на денот на дивиот свет, на ден 24. 02.2023 година (петок) Глам Македонија во соработка со Золошката градина во Скопје, организираа интересна активност- уредувачки маратон за учениците од СУГС ‘’Јосип Броз Тито’’ од Скопје.

Настанот се одвиваше во прекрасна атмосфера каде учениците најпрво беа прошетани и запознаени со животните низ Зоолошката градина со спезијализиран едукатор и вработен од институцијата. Потоа задача им беше да напишат/дополнат статии за животни кои недостастасуваат на македонски јазик на Википедија.
15 ученици пишуваа и надополнуваа статии на теми како за Белоглав
стрвинар, Антилопа, Туатара, Лемур, Зелена морска желка, Кафеав стаорец итн, создавајќи 17 нови статии на македонски јазик на Википедија.
Настанот беше во времетраење од три исполнети часа, проследени со многу едукација, забава, и пишување.
Се надеваме дека учениците уживаа во оваа активност и се надеваме дека во иднина ќе имаме уште многу интересни активности од ваков тип.
Посебна благодарност до Татјана Гогоска – вработена во Зоо Скопје, која ја даде идејата и заднички ја реализиравме истата.
Вчера – 13.02 ,2023 година, во просториите на ОУ. “Страшо Пинџур” – Неготино, се отвори нов Вики клуб под закрилата на ГЛАМ Македонија.
13 ученици од седмо и осмо одделение добија обука за уредување статии на Википедија на македонски јазик. Веднаш, секој од нив направи своја статија со која го потврдија интересот за корисен волонтеризам.
Обучувачи на учениците беа Елена Крстева и Фросина Димитрова кои им ги презентираа активностите, идните и минати проекти на Глам Македонија како и ги обучија да уредуваат статии на Википедија на македонски јазик
Координаторот на Вики клубот Неготино, Ангелче Кошев, истакна дека ваквиот тип на професионална и меѓуученичка соработка е повеќе од потребна. Тој изјави дека е задоволен со интересот на учениците и смета дека оваа бројка на ученици ќе се зголемува т.е. интересот би растел.
Да им посакаме топло добредојде а на наставник Кошев долга соработка и успешна реализација.
Дванаесет ученици од гимназијата Никола Карев од Скопје добија обука за уредување статии на Википедија на македонски јаизк.
На ден 06.02.2023 година, дванаесет ученици од прва, втора и трета година добија обука како да уредуваат статии на Википедија под менторство на професорката по музичко образноиване Емилија Ристановска.
Тренери на обуката беа: Елена Крстева, Фросина Димитрова и Снежана Штрковска.
Ваквиот тип на обуки се од наше големо значење и повеќе се од потребни, со цел македонската Википедија да се надоплонува со интересни и нови статии.
Да им посакаме топло добредојде!


Во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести, вчера започна националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2023’’
Петта година по ред, Вики Клуб Охрид го посветуваат месец февруари на збогатување на содржините како и со уредување на статии на Википедија на македонски јазик за подигање на свеста за ретките болести под мотото „За да не се ретки оние кои знаат за ретки“.
Википедијата на македонски јазик е збогатена со нови 28 уредувачки статии, се со цел за подигнување на свеста за луѓето погодени од некоја ретка болест, но и со проблемите со кои се соочуваат тие и нивните семејства.
ГЛАМ Македонија им благодари на сите волонтери на Вики Клуб Охрид, за успешното збогатување на Википедија на македонски со содржини од големо значење.