Во тек е меѓународната кампања „Статии без илустрација 2023“. Се информираат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека е во тек уредувањето и трае до 31 август 2023 година.
Неколку информации за овој натпревар:
Статии без илустрација (анг. Wikipedia Pages Wanting Photos, WPWP) е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии. Ова е огромен јаз кој оваа кампања се обидува да го премости. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“.
Повеќе инфо на следниот линк https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Статии_без_илустрација_2023
Приклучете се и освојте една од наградите!

На последниот ден од филмскиот фестивал 21 мај, во 20.00 часот, амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри свечено додели единаесет награди на добитниците кои ги дадоа своите најдобри придонеси на Википедија на македонски јазик на теми поврзани со Италија.
‘’Во иднина очекуваме уште многу натпревари и настани од ваков тип за различни земји и култури’’. – изјави Снежана Штрковска – председател на Глам Македонија.
На предавањата, учество зедоа дури 
На работилницата за запознавање со народниот традиционален инструмент гајда, гостин беше 85 годишниот Лазар Петровски од Велес. Тој на своите 48 години започнал да свири гајда
На втората работилница нашиот млад и извонреден сограѓанин, велешанецот Филип Арилон, кој е дипломиран музичар, на работилницата, ги запозна учесниците со народниот инструмент кавал.
Двете работилници беа проследени на меѓусебно задоволство, затоа што младите

Викимедија Србија секоја година на Викилајф конференцијата ги поканува сите ученици од регионот да чујат и да ги споделат своите искуства и успешни проекти и модели на соработка кои би можеле да се имплементираат со заедницата во иднина.
Глам Македонија и Амбасадата на Италија во Македонија организираат проект кој е моментално во тек за едномесечен уредувачки предизвик ‘’Запознајте ја Италија’’, каде членовите на Вики клубовите се поканети да пишуваат и уредуваат статии поврзани со културата историјата и на други теми за Италија, додека пак студентите од УКИМ се поканети да пишуваат на теми за музиката и филмот низ времето во Италија.