

Наградени се шест статии и тоа две со први награди и вредносен ваучер од по 2000 денари и четири статии по 1500 ден ваучер.
Име на статија – Корисничко име
Бидете дел од светот полн со нови знаења!
Обуката помина во исклучително конструктивна работна и креативна атмосфера. Како и досега овие обуки содржат три делови. Во првиот зборуваше Снежана Штрковска, Претседател на ГЛАМ Македонија (GLAM -galery, library, arshive,museum) , за значењето, организацијата и функционирањето на нашата јазична Википедија на македонски јазик.
Какви форми на организација има ГЛАМ Македонија како непрофитна организација со акцент на организиарњето на Вики Камповите, наставниците ги запозна Валентина Трајковска, наставник и член на ГЛАМ. Вики камповите се одржуваат секоја година (освен годините на корона ) и на нив учествуваат членови на активните Вики клубови. Секој камп има своја тема на која за време на кампот се пишуваат статии.
Дел од оваа обука е предавањето за Медиумска писменост и култура, кое го презентираше М-р Татјана Гогоска, новинар и магистер по комуникациски науки. За значењето на медиумското описменување на децата и возрасните, неговите цели, примена , учеството на поединецот во создавање а не само консумирање на медиумски содржини зборуваше Гогоска.Група на тековни и нови членови од Вики-клуб Охрид, под менторство на Наташа Неданоска, деновиве беа во посета на гајдаџијата Целе Блажески во село Белчишта. Дедо Целе е гајдаџија од својата 16 година, а изработува гајди од 30 години.

Целта на посетата е децата да научат повеќе за Нематерјално културно наследство кое е урбано колку што е и рурално
На оваа работилница Дедо Целе им ја кажа историјата за гајдаџиството во нивното село и нивното семејство, за неговите настапи на многу фестивали, за процесот на изработка на гајдата и за нејзино свирење.
Од оваа посета, а и од следните кои се планирани, ќе произлезат статии на оваа тема на Википедија на македонски јазик.
Учениците од Гимназијата “Наум Наумовски – Борче” во Пробиштип под менторство на професорката Елвира Јакимовска, професор по македонски јазик и литература, формираа Вики клуб со образовна поддршка на Снежана Штрковска, претседател на ГЛАМ Македонија.
Формирањето на Вики клубот, доби поддршка и од директорката на Гимназијата Снежана Насевска, за која секоја корисна новина за учениците е добредојдена а нејзините амбиции се учениците да станат Википедијанци во вистинската смисла на зборот.
Глам Македонија со формирањето на овој Вики клуб направи уште еден чекор во реализација на образовната програма која е корисна за целиот тој регион.

Статиите може да се на било која тема, само треба да се внимава на преводот и правописот.
Денеска во просториите на ОУ “Невена Георгиева Дуња беше формиран Вики клуб.
И овој Вики клуб е дел од образовната програма на ГЛАМ Македонија и претставува чекор во проширувањето на Википедијата на македонски јазик, за која постојано се залагаме – истакна Снежана Штрковска, претседател на ГЛАМ Македонија.

Статии без илустрација (анг. Wikipedia Pages Wanting Photos, WPWP) е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии. Ова е огромен јаз кој оваа кампања се обидува да го премости.
Конкурсот траеше од 1 јули до 31 август а наградени се 5 учесници кои освоиле најмногу бодови. Резултатите од конкурсот се објавени на следниот линк:
https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Статии_без_илустрација_2023
За време на викендот 22 -24 септември, ќе биде одржан Вики кампот во Михајлово на Кожуф. „Вики го сака живото наследство“ е проект кој трае цела година, поттикнат од Сузана Анас од Копенхаген, која на овој камп ќе ги поздрави учесниците во петок на неговото отворање. Вики кампот е дел на овој глобален проект за оваа 2023 година.
“Да го зачуваме живото наследство“ е мотото на годинешниот Вики камп кој е проект на ГЛАМ Македонија, со цел зголемување на статии и содржини на Википедија на македонски јазик на слободни теми, подобрување на постоечките статии, како и обука на несигурните уредувачи. Сите стари и нови членови на Вики Клубовите во Македонија се добредојдени да земат учество а во текот на Викикампот, ќе се одржат неколку заеднички уредувања а за најдобрите пет учесници ќе ги добијат своите награди на крајот од Викикампот.
