#1Lib1Ref 2025 – познати се резултатите и добитниците на награди на овогодишниот натпревар

Кампањата #1Lib1Ref 2025 која и оваа година Викимедија МКД ја организираше за корисниците и уредниците на Википедија на македонски јазик се покажа како уште еден успешно завршен проект. Корисниците на Википедија кои се јавија на овој повик и кои активно учествуваа во овој уредувачки натпревар значително ја подобрија цитираноста на Википедија, а со тоа и веродостојноста на содржината на енциклопедијата.

Учесниците активно внесуваа наводи и извори во статии кои немаат наводи или имаат во употреба недоволен број наводи и цитирани извори. Натпреварот траеше од 15 јануари 2025 година и заврши на 5 февруари 2025 година.

Во овој повик на Викимедија МКД учествуваа вкупно 8 корисници, беа внесени 1239 наводи и беа збогатени 840 статии на Википедија на македонски јазик. По разгледувањето на резултатите по завршниот ден, се добија следните резултати, односно добитници на награди се:

  • Прва награда: купон во вредност од 6.000 македонски  денари –  Тиверополник со 978 додадени наводи  и збогатени статии
  • Втора награда: купон во вредност од 4.000 македонски  денари  –Bibliotekarska5 со 520 додадени наводи и збогатени статии
  • Трета награда: купон во вредност од 2.000 македонски денари – P.Nedelkovski со 281 додадени наводи и збогатени статии

Честитки за учесниците и добитниците на награди!