Уредувачки натпревар „Минералогија“- нови статии и нови награди

Уредувачките натпревари во организација на Викимедија МКД претставуваат значаен дел од активностите насочени кон збогатување и унапредување на слободното знаење на македонски јазик. Преку овие натпревари се поттикнуваат уредниците — како нови, така и искусни — да создаваат и подобруваат содржини на Википедија, со особен акцент на теми кои се недоволно застапени или имаат потреба од дополнително проширување.

Покрај тоа што придонесуваат за развојот на Википедија, овие активности имаат и едукативна и мотивациска улога, овозможувајќи им на учесниците да ги унапредат своите уредувачки вештини. Преку ваквите иницијативи, Викимедија МКД активно ја гради и зајакнува заедницата на уредници, поттикнувајќи соработка, размена на знаења и долгорочна посветеност кон слободното споделување информации.

Па така уредувачкиот натпревар на тема „Минералогија“ имаше за цел збогатување и унапредување на содржините на Википедија на македонски јазик од областа на минералогијата и сродните научни дисциплини. Натпреварот се одржа во периодот од 1 февруари до 28 февруари 2026 година и беше отворен за сите заинтересирани уредници, како за почетници, така и за искусни корисници на Википедија.

Во рамките на натпреварот, учесниците можеа да создаваат нови или да подобруваат постоечки статии поврзани со минерали, минералошки процеси, кристалографија, значајни минералози и други теми од областа на минералогијата. Сите статии требаше да бидат напишани во енциклопедиски стил и да содржат релевантни и проверливи извори, во согласност со правилата и насоките на Википедија.

За да учествуваат во натпреварот и да влезат во конкуренција за награди, учесниците требаше да ги пријават своите статии на официјалната страница на натпреварот. За да се освои било која награда за плодотворност, беше потребно да се создадат или подобрат најмалку 25 статии оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на Оценувачкиот одбор, а за да се освои посебната награда, беше потребно да се создадат или подобрат најмалку 15 статии за минерали оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на Оценувачкиот одбор.

Вкупно учествуваа 11 корисници и беа напишани 446 статии.  Врз основа на утврдените критериуми, беа избрани најуспешните учесници и доделени следниве награди:

  • Прво место – Тиверополник – вредносен купон во вредност од 12.000 денари.
  • Второ местоBojan9Spasovski – вредносен купон во вредност од 6.000 денари.
  • Трето место 19user99 – вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Покрај главните награди, беа доделени и следнави награди:

  • Награда за најдобра статија„Дијамант“ од  Тиверополник– вредносен купон во вредност од 5.000 денари.
  • Награда за најдобар нов учесник – Pitikjp22 – вредносен купон во вредност од 2.000 денари.
  • Посебна награда – Bojan9Spasovskiвредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Со успешно реализираниот натпревар, беа значително збогатени содржините на Википедија на македонски јазик од областа на минералогијата, а воедно се поттикна и активното учество на уредничката заедница. Постигнатите резултати уште еднаш ја потврдија важноста на уредувачките натпревари како ефикасен начин за развој на слободното знаење и вклучување на нови уредници.

Викимедија МКД и во иднина ќе продолжи со организирање на вакви активности, со цел да се поттикне континуиран раст на квалитетни содржини и да се зајакне заедницата на уредници на Википедија на македонски јазик.