Викимедија МКД го проширува својот тим

Викимедија МКД, како невладина организација врши промоција и поддршка на Википедија и другите сродни проекти. Нашата  креативна заедница има за цел да ја рашири базата на знаења и да ја олесни достапноста до информации за сите.

Викимедија МКД е огранок на Фондацијата Викимедија, фондација која промовира слободно знаење и слободен пристап до информации, воглавно преку Википедија и нејзините сродни проекти.

Поради обемот на работа и зголемен број проекти за 2025, Викимедија МКД отвора eдна нова работна позиција, за која ве охрабруваме да се пријавите. Имено, се објавува следниов оглас за работа:

Координатор за соработка со културни институции

Дали сте заинтересирани за културното наследство, технологијата и отвореното знаење? Придружете ни се како координатор на програмата ГЛАМ (соработка со галерии, библиотеки, архиви, музеи и сродни институции), и помогнете да се премости јазот помеѓу културните институции и глобалната заедница на Википедија!

Потребни квалификации:

  • Најмалку ВСС VII/1 степен (или најмалку 240 кредити според ЕКТС)
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување)
  • Има силни организациски и комуникациски вештини
  • Познавање на работа со скенер, дигитализација и поставување медиуми на интернет
  • Предходно искуство со проекти на Викимедија или културни институции се смета за предност.
  • Познавање на работа со Википедија се смета за предност
  • Работно искуство од најмалку 2 години во невладин сектор се смета за предност
  • Поседува лаптоп за проектна работа.

Работно време:

Работното време е 6 часа дневно, од кои 4 платени и 2 волонтерски часа, но доколку проектите го бараат тоа, може да биде и попладневно или за време на викенди.

Одговорности и задачи:

  • Водење на активностите, настаните и обврските што Здружението ги има со културните ГЛАМ институции,
  • Соработка со галерии, библиотеки, архиви и музеи (ГЛАМ) за да се промовира отворен пристап до материјали од културата
  • Организирање работилници, обуки и настани со културните институции
  • Создавање, уредување и подобрување на содржината на Википедија
  • Скенирње и поставување фотографии, документи и други материјали за проекти на Википедија.
  • Соработка со матичните Википедијанци, и други видови уредувања во кои се повикува заедницата да учествува
  • Помагање на менаџерот за образование, менаџерот на заедница и менаџерот за маркетинг и комуникации, и/или другите членови при изведување на настани и проекти.

Ние нудиме:

    • Платена обука, и потоа вработување;
    • Интересна и исполнета седмица, соработка со различни профили на луѓе;
    • Можност за работа со водечки културни институции;
    • Шанса да се придонесе за отворено знаење и зачувување на културата;
    • Патувања.

Сите заинтересирани можат да испратат кратка биографија, мотивационо писмо и фотографија на kontakt@wikimedia.mk.

Придружете ни се во нашата мисија да го подобриме пристапот до знаења за сите!