Уредувачките натпревари на Викимедија МКД претставуваат значајна можност за збогатување на слободната енциклопедија со нови и квалитетни содржини. Преку овие активности, уредувачите имаат можност да се запознаат со начинот на создавање енциклопедиски статии и правилно уредување на содржините. Воедно, ваквите натпревари придонесуваат за развој на дигиталната писменост и тимскиот дух кај учесниците, а се можност и да освојат награди.
Од 20 април до 10 мај 2026 година се одржа уредувачкиот натпревар за средношколци на тема „Ботаничари со авторски кратенки“, организиран со цел создавање на статии поврзани со познати ботаничари со авторски кратенки. Натпреварот беше наменет за ученици од средните училишта од целата држава, кои имаа можност активно да придонесуваат на Википедија на македонски јазик. Учесниците требаше да создаваат нови статии почитувајќи ги правилата на Википедија.
По завршувањето на натпреварот статиите беа прегледани од жири, кое беше составено од тројца википедијанци. Во текот на натпреварот беа создадени голем број статии, со што значително се збогати содржината на Википедија на македонски јазик од областа на ботаниката. Учесниците покажаа голема заинтересираност, креативност и посветеност во уредувањето, а најуспешните уредувачи беа наградени согласно постигнатите резултати.
Наградите за овој натпревар беа предвидени да бидат вредносни купони за книги/материјали, техничка стока или спортска опрема по избор на добитникот. На натпреварот беше предвидено да се доделат три награди за најдобрите статии по седмица, како и три награди за најдобрите уредници по завршување на трите недели. Еден учесник имаше можност да добие повеќе награди, на пример награда за најдобра статија по седмица, како и награда за најдобар вкупен придонес.Па така наградите се следниве:
- Прва награда – Kirca 08 – вредносен купон во вредност од 6000 денари.
- Втора награда – Erikatrpeska – вредносен купон во вредност од 4000 денари.
- Трета награда – Mito999 – вредносен купон во вредност од 2000 денари.
На крајот од трите седмици:
- Прва награда: Хари Алан создадена од Kirca 08 -вредносен купон во вредност од 6000 денари.
- Втора награда: Жан-Батист Бори де Сен-Винсент создадена од Kirca 08 – вредносен купон во вредност од 4000 денари.
- Трета награда:- Џон Џејмс Одибон создадена од Кирил Јовановски – вредносен купон во вредност од 2000 денари.
Вкушно учествуваа 25 учесници и беа напишани 129 статии. Изразуваме благодарност до сите ученици кои учествуваа и придонесоа за успешна реализација на натпреварот, со надеж дека и во иднина ќе продолжат активно да ја збогатуваат слободната енциклопедија.