Група на тековни и нови членови од Вики-клуб Охрид, под менторство на Наташа Неданоска, деновиве беа во посета на гајдаџијата Целе Блажески во село Белчишта. Дедо Целе е гајдаџија од својата 16 година, а изработува гајди од 30 години.

Целта на посетата е децата да научат повеќе за Нематерјално културно наследство кое е урбано колку што е и рурално
На оваа работилница Дедо Целе им ја кажа историјата за гајдаџиството во нивното село и нивното семејство, за неговите настапи на многу фестивали, за процесот на изработка на гајдата и за нејзино свирење.
Од оваа посета, а и од следните кои се планирани, ќе произлезат статии на оваа тема на Википедија на македонски јазик.
Учениците од Гимназијата “Наум Наумовски – Борче” во Пробиштип под менторство на професорката Елвира Јакимовска, професор по македонски јазик и литература, формираа Вики клуб со образовна поддршка на Снежана Штрковска, претседател на ГЛАМ Македонија.
Формирањето на Вики клубот, доби поддршка и од директорката на Гимназијата Снежана Насевска, за која секоја корисна новина за учениците е добредојдена а нејзините амбиции се учениците да станат Википедијанци во вистинската смисла на зборот.
Глам Македонија со формирањето на овој Вики клуб направи уште еден чекор во реализација на образовната програма која е корисна за целиот тој регион.

Денеска во просториите на ОУ “Невена Георгиева Дуња беше формиран Вики клуб.
И овој Вики клуб е дел од образовната програма на ГЛАМ Македонија и претставува чекор во проширувањето на Википедијата на македонски јазик, за која постојано се залагаме – истакна Снежана Штрковска, претседател на ГЛАМ Македонија.




Во деновите од 16-19 август 2023 година во Сингапур се одржа најголемиот собир на Википедијанци од цел свет, 18 пат по ред. Собирот беше организиран од страна на фондацијата Викимедија. Предавањата се случуваа во конгресниот изложбен центар Сантек сити Сингапур, a истите можеа да се следат и онлајн.
Темата на Викиманија оваа година беше: Различност. Соработка. Иднина. Работилниците, хакатонот и пред-конференциските активности се одржаа на 15 август, додека пост-конференцијата и обиколките на градот беа на 20 август.