ВИКИПЕДИЈА: за која сите знаат – и никој не знае

Спасимир Пилев, активен уредник на Википедија на бугарски јазик, зборува за прашањата со кои се соочува секој акитивен уредувач, Википедијанец, во светот, на било која јазична Википедија. Текстот го пренесуваме во целост:

Во последно време зачестија прашањата колку пари земам за пишување статии на Википедија, каква обврска имам таму, и слично, па ќе си дозволам краток коментар.

Не работам во Википедија и не добивам плата, не само јас, туку сите луѓе кои пишуваат статии, закачуваат фотографии или што и да е поврзано со електронската енциклопедија.

-Ау, па ти не работиш таму?
-Не, го правам тоа затоа што ми е задоволство. Секој си е луд на свој начин.

Википедија ја пишуваат доброволци – пишување статии, закачување фотографии, проучување на извори, патролирање на измените, отстранување на било какви „системски текстови“, одговарање на типови кои ја измешале енциклопедијата со жолт печат или бизнис страница, и уште многу друго. За среќа, има и такви луѓе што прават нешто доброволно во полза на другите. Всушност, Википедија на бугарски јазик ја пишуваат Бугари од странство и странци кои го учат бугарскиот јазик. Ова е добра можност за вежбање на јаазикот. Моите придонеси се незначителни во споредба со оние на другите уредници. Има луѓе со по неколку илјади уредувања.

Целта не е да се земат пари од нареден тримесечен проект, да се започне нешто и да се заврши, а целта не е ниту да ме благословува некој, да ме смета за голем, на Википедија не се собираат лајкови, ниту се бара благодарност. Напротив, почесто се случува да ме нападнат, а понекогаш добивам и закани по живот.

Полесно е некој да излезе на јавно место и да кажува колку нечини Википедија, и никогаш да не се нафати да ја поправи грешката, за што е потребна една минута. Википедија ја пишуваат луѓе. За добро или за лошо, луѓето грешат.

Одвреме навреме се појавува некоја публикација во медиумите за цензура на Википедија: еден политичар платил уредувачи да пишуваат против друг негов колега-политичар (во весникот беше кажано обратно). Не познавам сериозни активни уредувачи на Википедија кои пишуваат само за политика, а уште помалку да напаѓаат еден, или да фалат друг политичар. Постојат луѓе кои не ме сакаат, но местото за искажување лично мислење е Фејсбук, а не Википедија. Се случува вработени во некое министерство да ја разубавуваат статијата за министерот, но по некое време нивниот сервер може да биде блокиран за да се запре ова. Да, некој може да биде блокиран на одредено време.

На Википедија секој може да пишува, но и секој може да ги следи злонамерните уредувања и да ги отстрани. Најубавото нешто на оваа енциклопедија е нејзината транспрарентност – секое уредување е видливо. Понекогаш се случува да ми ѕвонат од некои телевизии со барање на сензации, интриги, општо земено, нешто што ќе ја забавува нивната публика. Но, тоа е досадно, брат. Луѓето кои придонесуваат на Википедија не се безделници најдени на улица кои немаат друга работа и не си го ценат трудот, напротив.

Се разбира дека не е лошо човек да добие награда за она што го прави. Но, мене, и сигурен сум и на многумина други, воопшто не ми е задоволство да пишувам статии по нарачка, затоа што во таков случај ќе важи правилото – кој ги дава парите, тој ја диктира музиката. А да ми наредува некој што да пишувам, малку ги побркал лончињата.

Се случува да се откаже донација. Колку организации откажуваат донации? Поважно е Википедија да не се врзува со сомнителни луѓе.

Неколкупати ме подучуваа да си направам интернет страница и таму да си ги објавувам статиите, бидејќи се исплатело. Во ваков случај насмевката ми станува сè поголема, и на крајот прснувам од смеење. Приватните страници за две-три години стануваат мртви линкови.

Искрено забавна ми е поделбата на „вие“ и „ние“.  Како некој да е должен да направи нешто за другите.

-Зошто не сте ставиле слика од она, зошто не сте ја поправиле оваа грешка? Зошто има малку информации во оваа биографија, а тој/таа е толку значаен? И потоа следува заклучокот:
-Ама таму секој може да пишува како сака.

Ете тоа е мојата мотивација да се занимавам со Википедија во слободно време. Не сакам кога некој дава забелешки.

Последната забелешка:
-Ама ти немаш деца, и лесно ти е.

Гледано со туѓи очи, животот на другите е секогаш лесен. Википедија ја пишуваат семејни луѓе со деца, повеќе од едно, кои работат какви ли не професии. А можеа само да даваат забелешки.

Но, многу е поубаво да оставиш нешто за другите!

Линк до оригиналниот текст – https://blog.wikimedia.bg/2019/06/21/wikipedia/

ЗАПОЧНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА НА АРХЕОЛОШКОТО БОГАТСТВО

Во текот на месец април и мај, волонтерите на ГЛАМ Македонија започнаа со дигитализација на материјали и артефакти кои се чуваат во НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје. Првите резултати веќе се појавија на Заедничката ризница, од која црпат сите јазични Википедии.

Линк на кој може да се следи напредокот:

https://commons.wikimedia.org/wiki/Category:Archaeological_objects_at_the_Archaeological_Museum_of_North_Macedonia

Инаку ова е  проект што се спроведува по потпишан договор со НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје. Проектот ќе се спроведува до крајот на октомври 2019 година.

ОТВОРЕН ВИКИ КЛУБ СТРУГА

На 30 мај 2019 година, започна со работа Вики Клубот во Струга, во рамки на средното училиште „Нико Нестор“. На првата обука присуствуваа дванаесет ученици, кои успешно создадоа нови статии на Википедија на македонски јазик. Вики Клубот во Струга работи под водство на професорот Нела Најдоска-Василевска.

Инаку ова е шести Вики Клуб во Македонија што го води здружението ГЛАМ Македонија. Првиот и најголем Вики Клуб беше основан вна 19 октомври 2016 година во просториите на Музј на македонската борба, а останатите Вики Клубови се во Старо Нагоричане, Охрид, Штип и Гевгелија.

Википедија на македонски јазик се збогати со над 500 нови статии на германски теми

Во деновите од 3 до 5 мај 2019 година се одржа тродневен германски Викикамп
за членовите на Вики клубовите  во Македонија, под мотото „Запознајте ја
Германија“. Проектот е во организација на Здружението  ГЛАМ Македонија  во
соработка со Гете институтот од Скопје.
Кампот се одржа во хотел „Романтик“ на Велешко Езеро – Младост, и опфати
ученици од различни основни и средни училишта од Македонија. Покрај
заедничкото уредување на Википедија, учесниците имаа можност да чујат низа
предавања, и да учествуваат на интерактивни вежби. Кампот го отвори
претставник од Гете институтот во Скопје, Кристина Велковска, а гостин од
Германија на самиот камп беше Гереон Калкухл, администратор на Википедија на
германски јазик. Секој од учесниците доби подарок од Гете институт како и од
Викимедија Германија, најголемата вики организација во светот, а на крајот од
кампот, им беа доделени сертификати за учество.

Во текот на трите дена беа создадени повеќе од 500 нови статии на Википедија на
македонски јазик на тема Германија: култура, историја, географија, спорт, филм и
друго.

Инаку, ова е трет Вики камп во организација на ГЛАМ.

Учесниците и нивните придонеси

Сите фотографии може да се видат на овој линк

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ГЕРМАНИЈА

„Запознајте ја Германија“ е тродневен германски Вики Камп кој ќе се одржи од 3-5 мај 2019 година во хотелот Романтик во Велес, со цел надополнување на Википедија на македонски јазик со текстови на германски теми. Ова е заеднички проект на GLAM Macedonia и Goethe-Institut Skopje.
Доколку сте ученик од 7 до 9 одделение или било која година од средно училиште и член сте на Вики Клубовите во Македонија кои ги води здружението ГЛАМ Македонија, покажете го својот интерес за учествона овој Вики Камп со пополнување на следниот прашалник:
https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdS8sdnU_BUcad-G3…/viewform

* * * * *

Повеќе информации за тоа што е Вики Камп прочитајте на линкот: http://wikicamp.mk/2017/12/05/што-е-вики-камп/

ОТВОРЕН ВИКИ КЛУБ ГЕВГЕЛИЈА

На 21 март 2019 година, започна со работа Вики Клубот во Гевгелија, во рамки на средното училиште „Јосиф Јосифовски“. На првата обука присуствуваа шест ученици, кои успешно создадоа нови статии на Википедија на македонски јазик. Вики Клубот во Гевгелија работи под водство на професорот Горан Манев.

Инаку ова е петти Вики Клуб во Македонија што го води здружението ГЛАМ Македонија. Првиот и најголем Вики Клуб беше основан вна 19 октомври 2016 година во просториите на Музј на македонската борба, а останатите Вики Клубови се во Старо Нагоричане, Охрид и Штип.

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА УНГАРИЈА“

На 13 март 2019 година, во просториите на Здружението на Унгарците „Теледом“ свечено беа доделени наградите за најдобрите уредувачи. Наградите ги додели амбасадорот на Република Унгарија во Скопје, Ласло Дукс.

Резултатите од предизвикот „Запознајте ја Унгарија“се следните: 28 Википедијанци, сите членови на Вики Клубовите во Македонија кои ги раководи Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија, за 30 дена, од 25 јануари до 23 февруари 2019 година, создадоа вкупно 408 нови статии на Википедија на македонски јазик на тема Унгарија

Првите петмина најдобри се (следуваат кориснички имиња):

  1. ‎Ina pet – 112,5 поени (113 статии)
  2. Simona Trajkoska – 42 поени (48 статии)
  3. Jtasevski123 – 41,5 поени (45 статии)
  4. Krstevska123 – 34 поени (39 статии)
  5. PetarZdravevski – 34 поени (36 статии)

За најдобра статија е прогласена Унгарска револуција (1848), на која е додаден текст од 85 илјади бајти.

Инаку во рамки на проектот, се одржа заедничко уредување на унгарски теми на 1 февруари 2019 година во просториите на Здружението на Унгарците во Македонија „Теледом“.  Триесет нови статии беа создадени во текот на три часа заедничко уредување, и две статии беа надополнети со текст.

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА УНГАРИЈА, резултати

Предизвикот „Запознајте ја Унгарија“ заврши. Резултатите се: 28 Википедијанци, сите членови на Вики Клубовите во Македонија, за 30 дена создадоа вкупно 408 нови статии на Википедија на македонски јазик на тема Унгарија.

Првите петмина најдобри се (следуваат кориснички имиња):

  1. ‎Ina pet – 112,5 поени (113 статии)
  2. Simona Trajkoska – 42 поени (48 статии)
  3. Jtasevski123 – 41,5 поени (45 статии)
  4. Krstevska123 – 34 поени (39 статии)
  5. PetarZdravevski – 34 поени (36 статии)

За најдобра статија е прогласена Унгарска револуција (1848), на која е додаден текст од 85 илјади бајти.

Инаку во рамки на проектот, се одржа заедничко уредување на унгарски теми на 1 февруари 2019 година во просториите на Здружението на Унгарците во Македонија „Теледом“.  Триесет нови статии беа создадени во текот на три часа заедничко уредување, и две надополнети со текст.

ЗАЕДНИЧКО УРЕДУВАЊЕ во ТЕЛЕДОМ

Првото заедничко уредување на унгарски теми, а поврзано со проектот „Запознајте ја Унгарија“ се одржа на 1 февруари 2019 година во просториите на Здружението на Унгарците во Македонија „Теледом“.  Триесет нови статии беа создадени во текот на три часа заедничко уредување, и две надополнети со текст.

За седум дена, веќе се создадени повеќе од 225 статии на унгарски теми, објавени на Википедија на македонски јазик.

РЕЗУЛТАТИ ОД АКТИВНОСТИТЕ ВО 2018 година

Годината 2018 за ГЛАМ Македонија како Здружение на граѓани беше продуктивна и успешна. Членовите на Здружението направија екстра напори во правец на пропагирање на идејата за слободно знаење, како и во користењето на материјалите при создавање и надополнување на статии на Википедија на македонски јазик, што претставува создавање на слободно знаење, достапно на секого.

Одржани беа бројни настани, членовите на Здружението како претставници се појавија на неколку конференции во странство, а бројките сами зборуваат за успехот:

*Повеќе од 3220 статии беа создадени или надополнети само од членовите на Вики Клубовите во Република Македонија;

*Околу 750 статии беа создадени или надополнети и проверени како резултат на соработката со ГЛАМ секторот;

* 616 лица биле дел од настаните организирани од ГЛАМ Македонија.