Локација: Скопје
Рок за пријавување: 13 декември 2019 година
Споделено знаење и ГЛАМ Македонија се признати ограноци на Фондацијата Викимедија во Македонија, и двете групи работат на промовирање на Википедија, како и на други проекти.
Заедничкиот грант за 2020 година, добиен од Фондацијата Викимедија, предвидува две работни позиции за период од 1 јануари – 31 декември 2020 година, на кои се бараат иновативни, мотивирани поединци, со добро чувство за професионална одговорност и со работна етика за позициите:
Менаџер на заедницата и Административен и логистички менаџер
Потребни квалификации (за двете позиции):
- Најмалку ВСС VII/1 степен (или најмалку 240 кредити според ЕКТС)
- Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување)
- Возачка дозвола Б – категорија
- Познавање на работа со Википедија се смета за предност
- Работно искуство во невладин сектор се смета за предност
Работно време (за двете позиции):
Работното време е 6 часа дневно, од кои 4 платени и 2 волонтерски часа.
Одговорности и задачи
Менаџер на заедницата:
- Регрутирање на волонтери
- Водење на обуки за уредување на Википедија заедно со волонтерите
- Договарање на соработка со можни партнери
- Оперативно планирање и раководење на проектите
- Комуникација со заедницата заради остварување на проектите
- Организирање на настани и промотивни активности
- Пишување на извештаи за активностите, како и промотивни текстови и материјали за социјалните мрежи
Административен и логистички менаџер:
- Подготовка на договори и други потребни документи
- Извршување на банкарски трансакции и пишување извештаи за банкарската состојба
- Пресметување на даноци, подготовка на даночни извештаи, нивно поднесување до Управа за јавни приходи
- Подготовка на документација за законски измени, подготовка на финансиски извештаи и контакти со Централен регистар
- Следење на законски измени
- Управување со активности и следење на роковите за проектите
- Организирање на материјали и услуги потребни за проектите
- Помагање на Менаџерот за заедница при организирање на настани
Ние нудиме (за двете позиции):
- Вработување на пола работно време во период од 1 јануари – 31 декември 2020
- Исплата на регрес за годишен одмор (К-15)
Ве покануваме да ја доставите Вашата професионална биографија (CV), мотивациско писмо и фотографија
на мејлот mksharedknowledge@gmail.com
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.












Спасимир Пилев, активен уредник на Википедија на бугарски јазик, зборува за прашањата со кои се соочува секој акитивен уредувач, Википедијанец, во светот, на било која јазична Википедија. Текстот го пренесуваме во целост: