Резултати од уредувачките денови и викенди за април 2026 година

Во текот на месец април, заедницата на Викимедија на македонски јазик продолжи со своите редовни активности преку организирање уредувачки денови и викенди, кои имаат за цел збогатување на слободната енциклопедија со квалитетни и проверени содржини. Овие настани претставуваат одлична можност за вклучување на нови уредници, како и за активирање на постојните членови на заедницата, кои заеднички придонесуваат кон развојот на Википедија на македонски јазик.

Во рамки на априлските активности беа обработени разновидни теми, при што уредниците имаа можност да работат на создавање нови статии, но и на подобрување и проширување на веќе постоечките содржини. Особено внимание беше посветено на теми кои се недоволно застапени или бараат дополнително ажурирање, со што се подобрува севкупниот квалитет и релевантност на енциклопедијата.

Како резултат на заедничкиот ангажман, резултатите за април 2026 година се следниве:

  • Учествуваа вкупно 47 уредници
  • беа напишани 150 статии, а подобрени 2 статии.

Oвој месец имаше рекорден број на уредници. Овие бројки уште еднаш ја потврдуваат посветеноста на заедницата и нејзината континуирана работа во насока на ширење на слободното знаење на македонски јазик.

Во духот на поттикнување на активноста и мотивацијата, и овој месец беше доделена награда за најактивен уредник. Добитник на наградата за април е:

  • P.Nedelkvoski – вредносен ваучер од 2500 денари

Викимедија МКД ќе продолжи со уредувачките денови и уредувачките викенди и во наредниот период, со цел да се зголеми бројот на активни уредници и да се подобри квалитетот на содржините на Википедија на македонски јазик. Сите заинтересирани се охрабруваат да се приклучат и да дадат свој придонес кон оваа заедничка мисија.