Вики клуб Охрид и Викимедија МКД во поддршка за лицата со ретки болести

Во современото општество, информираноста и достапноста на точни информации играат клучна улога во подобрувањето на животот на многу луѓе. Една од областите каде што знаењето може да направи голема разлика е подигнувањето на свесноста за ретките болести.

Токму во оваа мисија, веќе седум години по ред, Вики клуб Охрид и Викимедија МКД активно соработуваат со Здружението за ретки болести од Охрид, предводено од Гордана Лолеска. Оваа значајна соработка започна на иницијатива на координаторот на Вики клуб Охрид, Наташа Неданоска, под мотото „За да не се ретки оние кои знаат за ретки“. Целта е јасна – преку создавање и објавување на едукативни содржини, да се поттикне јавната свест и да се овозможи полесен пристап до информации за ретките болести.

Февруари – месецот на ретките болести Февруари е симболично поврзан со ретките болести поради неговата специфична должина од 28 или 29 дена. Во овој месец, Здружението за ретки болести од Охрид организира бројни активности, вклучувајќи едукативни прилози подготвени од експерти од различни области. Овие прилози се емитуваат и објавуваат на локалните медиуми, а Вики клуб Охрид активно се вклучува во дигиталната едукација преку објавување на статии за ретки болести на Википедија на македонски јазик. Со оваа иницијатива, секојдневно во текот на февруари се збогатува Википедија на македонски јазик со нови, рецензирани информации за ретките болести, кои потоа се користат како извор и во други медиуми.

Наставничката и координаторка на Вики клуб Охрид, Наташа Неданоска, гордо истакнува: „Во изминатите седум години, објавивме повеќе од 200 статии за различни ретки болести на Википедија на македонски јазик. Нашата цел беше не само да дадеме поддршка и придонес, туку и да создадеме трајна вредност на најголемата електронска енциклопедија. Особено сум горда што низ годините наназад, во оваа иницијатива се вклучија и волонтерите на Вики клуб Охрид, кои несебично го посветија своето време за оваа благородна кауза.”

Оваа соработка е пример за тоа како знаењето може да биде моќна алатка во борбата за видливост на ретките болести. Со секоја нова статија на Википедија, со секој споделен податок и секој вклучен волонтер, се прави чекор кон поголема информираност, разбирање и поддршка за луѓето кои живеат со ретки болести. Вики клуб Охрид и Викимедија МКД продолжуваат со својата мисија – за да не бидат ретки оние кои знаат за ретките.

Одржана конференција за наставници во СУГС „Кочо Рацин“ во Скопје

Викимедија МКД постојано работи на промоција и развој на Википедија на македонски јазик, настојувајќи да обучи што поголем број луѓе во процесот на уредување и создавање слободни образовни содржини. Освен што се посветува на збогатување на самата енциклопедија, организацијата активно вложува во градење на волонтерска заедница која ќе придонесе за одржливост и натамошен развој на Википедија на македонски јазик. Една од клучните активности во овој процес се конференциите за наставници, преку кои просветните работници добиваат насоки за користење на Википедија во наставата и нејзина примена како едукативна алатка.

Па така, на 27 февруари 2025 година Викимедија МКД одржа конференција за наставници во СУГС „Кочо Рацин“ во Скопје. Оваа конференција беше посетена од 15 учесници, наставен кадар на училиштето кој пројави силна желба за користење на Википедија, како средство за наставни цели, така и како место каде се создаваат нови слободни содржини. Конференцијата започна во 12 часот и 30 минути во просториите на училиштето.

Најпрво се обрати Снежана Штрковска, извршен директор на Викимедија МКД  која ги запозна учесниците за самата енциклопедија, како функционира Википедија, кои се придобивките од употребата на Википедија како наставно средство и како правилно да се користи Википедија како информативен извор за точни и потврдени информации. По неа се обрати Боса Филиповиќ, менаџер за образовна програма на Викимедија МКД која која детално ги објасни најчестите грешки што се прават при уредувањето и ги презентираше основните принципи на Википедија.  На самиот крај се обрати  Ирена Трајковска Стерјовска која  ги запозна учесниците со својата работа и за достигнувањето на вики клубот која го води таа, а функционира во рамките на здружението.

Конференцијата помина во пријатна и работна атмосфера. Учесниците беа заинтересирани за начинот на работа на Википедија, но и можностите кои постојат за употреба на енциклопедијата како едно од наставните средства во образовниот процес во Македонија.

Овој настан претставува само еден дел од заложбите на Викимедија МКД за развој на слободното знаење. Организацијата продолжува со планирање нови едукативни активности и соработки со образовни институции, со цел Википедија да стане уште подостапна и поприменлива во образованието. Преку вакви иницијативи, не само што се поттикнува критичко размислување и дигитална писменост, туку се создава и нова генерација на уредници кои ќе придонесат за збогатување на Википедија на македонски јазик.

Дел од атмосферата ви ја доловуваме преку фотографски материјал кој може да се погледне на следнава врска.

Викимедија МКД одржа обука за ученици од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје

Викимедија МКД продолжува со својата мисија за едукација и ангажирање на младите преку иновативната образовна програма. Главен фокус на програмата се младите генерации, со цел да се поттикне нивната љубов кон знаењето и слободната енциклопедија, Википедија. Исто така со обуките за ученици, Викимедија МКД има за цел да ги инспирира младите генерации да го прифатат концептот на слободно знаење и да станат активни учесници во создавањето на содржини достапни за сите.

На 26 февруари 2025 година во просториите на Викимедија МКД во МКЦ беше одржана уште една успешна обука за ученици. На обуката учествуваа 11 ученици од  СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ под раководство на координаторката Лилјана Стојковска.

Првиот дел од настанот говор одржа Боса Филиповиќ, менаџер за образовна програма на Викимедија МКД  која ги запозна учениците за самата енциклопедија, како функционира Википедија,  како правилно да се користи Википедија како информативен извор за точни и потврдени информации, најчестите грешки што се прават при уредувањето и исто така ги презентираше основните принципи на Википедија.

По предавањето следуваше заедничко уредување на тема Запознајте ја Словенија , која е тема на моменталниот уредувачки маратон за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува од 1 февруари 2025 до 28 февруари 2025, а е во организација на Здружението Викимедија МКД во соработка со Словенечкиот центар – Скопје, поддржан од Амбасадата на Словенија во Скопје.

 

Учесниците, потпомогнати од организаторите, уредуваа, подобруваа и објавуваа статии на Википедија на македонски јазик. Вкупно беа напишани 21 статија.

Преку фотографскиот материјал ви прикажуваме дел од атмосферата на овој настан.

Википедија на македонски јазик достигна 150.000 статии – голем успех за слободното знаење

Википедија на македонски јазик, најголемата слободна енциклопедија на македонски јазик, го достигна значајниот праг од 150.000 статии! Овој успех е резултат на посветената работа на македонските уредници, волонтери и ентузијасти кои континуирано придонесуваат за развојот на оваа дигитална ризница на знаење.

Википедија на македонски јазик е основана во септември 2003 година и во изминатите две децении постојано расте, станувајќи еден од главните извори на информации на македонски јазик. Од своите почетоци, со само неколку статии, денес оваа платформа нуди обемна база на податоци која опфаќа најразлични теми – од историја, географија, наука, уметност, култура, па сè до современи настани и технолошки достигнувања.

За да стигне до 150.000 статии, Википедија на македонски јазик помина низ различни фази на развој. Со текот на годините, таа добиваше сè поголем број активни уредници кои несебично ја збогатуваат со нови информации. Од воведување на нови технички алатки за уредување, до подобрување на квалитетот и точноста на содржината, Википедија на македонски јазик стана платформа од огромно значење за македонскиот јазик и култура.

Во ера на дигитализација, пристапот до релевантни и точни информации на македонски јазик е клучен. Википедија овозможува слободен пристап до знаење за секого, без оглед на возраста, локацијата или образованието. Со тоа, таа игра важна улога во образованието, научните истражувања, новинарството и секојдневното информирање на македонските граѓани. Исто така, Википедија на македонски јазик придонесува за зачувување и промовирање на македонскиот јазик во дигиталниот простор. Преку статии за историјата, јазикот, културата и обичаите на Македонија, оваа енциклопедија служи како дигитална архива на националното наследство.

Со 150.000 статии зад себе, Википедија на македонски јазик не застанува тука. Предизвикот сега е да се подобри квалитетот на постоечките статии, да се збогати содржината со релевантни извори, фотографии и мултимедијални материјали, како и да се привлечат нови уредници кои ќе помогнат во нејзиниот понатамошен развој. Секој поединец може да стане дел од овој проект – Википедија е отворена за сите кои сакаат да придонесат кон глобалната заедница на знаење. Со поголема ангажираност од образовните институции, медиумите и истражувачките центри, македонската Википедија може да продолжи да расте и да стане уште поквалитетен извор на информации.

Достигнувањето на 150.000 статии е голем успех за Википедија на македонски јазик, но и за македонското дигитално општество во целина. Оваа платформа претставува доказ дека македонскиот јазик има свое значајно место во светската мрежа на информации. Со постојан труд, посветеност и ентузијазам, Википедија на македонски јазик ќе продолжи да се развива и да биде скапоцен извор на знаење за сегашните и идните генерации.

Вики клубот во Велес го прослави петтиот роденден

Википедија, најголемата слободна енциклопедија на интернет, постои благодарение на илјадници волонтери кои ја уредуваат и надополнуваат со нови информации секојдневно. За да се поттикне учеството на нови уредници и да се развива културата на слободно знаење, постојат Вики клубовите каде групи на ентузијасти заеднички учат, истражуваат и придонесуваат кон подобрување на содржините на Википедија.

Во Македонија, Вики клубовите играат важна улога во збогатувањето на Википедија на македонски јазик со нови, квалитетни и веродостојни статии. Еден од најактивните клубови е Вики клубот во Велес, кој со години служи како центар за младите кои сакаат да научат како да уредуваат на Википедија и како нивниот труд може да придонесе за пошироката заедница.

На 20 февруари 2025 година, Вики клубот во Велес го прослави својот петти роденден со свечена прослава што се одржа во Медиотеката на Градската библиотека „Гоце Делчев“. Настанот започна во 14 часот и присуствуваа 20 учесници, меѓу кои членови на клубот, поддржувачи, пријатели и гости кои го следат развојот на клубот од неговото основање.

Свеченоста ја отвори Снежана Штрковска, извршен директор на Викимедија МКД, која зборуваше за значењето на Вики клубовите во развојот на слободното знаење во Македонија. Таа истакна дека овие клубови не само што помагаат во збогатување на Википедија туку и го поттикнуваат критичко размислување, истражувачки дух и тимска работа. По неа, зборуваше Лили Арсова, координатор на Вики клубот во Велес, која воедно и беше организатор на настанот и направи краток преглед на историјатот на клубот, неговите активности и постигнати успеси. Таа нагласи дека клубот низ годините успеал да внесе голем број нови членови, кои со своите уредувања значително ја збогатија Википедија на македонски јазик. Покрај тоа, напомена дека клубот организирал бројни работилници, натпревари и едукативни настани кои придонеле за развојот на дигиталната писменост кај младите.

Еден од најсвечените моменти на прославата беше секако роденденската торта, симбол на посветеноста и ентузијазмот на членовите на клубот. Во пријатна атмосфера, присутните имаа можност да се потсетат на изминатите успеси и да разменат идеи за идни проекти и активности.

Петгодишнината на Вики клубот во Велес не е само повод за славење, туку и можност за рефлексија и поставување нови цели. Во иднина, клубот ќе продолжи да работи на проширување на своето членство, организирање едукативни настани и мотивирање на што повеќе луѓе да станат дел од глобалното движење за слободно знаење. Со досегашните резултати и посветеноста на членовите, Вики клубот во Велес е пример за успешен проект кој покажува како волонтерската работа и љубовта кон знаењето можат да донесат позитивни промени во општеството.

Фотографскиот материјал од настанот може да го погледнете на следнава врска.

Започна со работа Вики клубот во ООУ „Крсте Петков Мисирков” во Радовиш

Википедија, како најголема слободна енциклопедија во светот, овозможува секој да придонесува кон создавање и споделување на знаење. Една од најзначајните иницијативи за вклучување на младите во овој процес се Вики клубовите – едукативни заедници каде учениците учат како да уредуваат статии, проверуваат извори и придонесуваат кон развојот на слободното знаење. Преку ваквите клубови, младите стекнуваат дигитални вештини, критичко размислување и активно учествуваат во креирање на едукативни содржини достапни за сите.

За таа цел на 12 февруари 2025 година во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш за прв пат беше отворен Вики клуб, кој ќе има за цел да ги едуцира младите за уредување и креирање содржини на Википедија. Оваа иницијатива овозможува учениците да стекнат нови вештини во истражување, пишување и дигитална писменост.

Настанот започна со едукативно предавање од Боса Филиповиќ, менаџер за образовна програма на Викимедија МКД, која ги запозна учениците со основните принципи на Википедија, важноста на слободното знаење и правилата за уредување на енциклопедијата. Таа им објасни како функционира платформата, како се проверуваат изворите на информации и како се пишуваат енциклопедиски статии. Учениците со голем интерес го следеа предавањето, поставувајќи прашања за тоа како можат да придонесат за подобрување на содржините на Википедија.

По воведниот дел, учениците добија можност да уредуваат на Википедија. Со помош на менторите од Викимедија МКД,како и директорката на училиштето Гордана Здравковска и наставничките Јулија Свирков и Верица Спасова Исаиловска тие пишуваа  на тема Запознајте ја Словенија , која е тема на моменталниот уредувачки маратон за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува од 1 февруари 2025 до 28 февруари 2025, а е во организација на Здружението Викимедија МКД во соработка со Словенечкиот центар – Скопје, поддржан од Амбасадата на Словенија во Скопје. Вкупно учествуваа седум ученици и беа напишани 11 статии.

Отворањето на Вики Клубот во Радовиш претставува значаен чекор во развојот на дигиталната писменост кај младите. Учениците не само што учат како да користат Википедија на правилен начин, туку и активно придонесуваат кон слободното знаење. Оваа иницијатива ќе продолжи со редовни средби, каде што членовите на клубот ќе имаат можност да стекнат нови знаења, да развијат критичко размислување и да ја подобрат својата способност за пишување.

Со овој вид на активности, младите стануваат дел од глобалната заедница на уредници на Википедија, а истовремено ги развиваат своите истражувачки и академски вештини. Вики клубот во Радовиш има потенцијал да прерасне во важен центар за промоција на слободното знаење во Македонија.

Преку фотографскиот материјал ви прикажуваме дел од атмосферата на овој настан.

#1Lib1Ref 2025 – познати се резултатите и добитниците на награди на овогодишниот натпревар

Кампањата #1Lib1Ref 2025 која и оваа година Викимедија МКД ја организираше за корисниците и уредниците на Википедија на македонски јазик се покажа како уште еден успешно завршен проект. Корисниците на Википедија кои се јавија на овој повик и кои активно учествуваа во овој уредувачки натпревар значително ја подобрија цитираноста на Википедија, а со тоа и веродостојноста на содржината на енциклопедијата.

Учесниците активно внесуваа наводи и извори во статии кои немаат наводи или имаат во употреба недоволен број наводи и цитирани извори. Натпреварот траеше од 15 јануари 2025 година и заврши на 5 февруари 2025 година.

Во овој повик на Викимедија МКД учествуваа вкупно 8 корисници, беа внесени 1239 наводи и беа збогатени 840 статии на Википедија на македонски јазик. По разгледувањето на резултатите по завршниот ден, се добија следните резултати, односно добитници на награди се:

  • Прва награда: купон во вредност од 6.000 македонски  денари –  Тиверополник со 978 додадени наводи  и збогатени статии
  • Втора награда: купон во вредност од 4.000 македонски  денари  –Bibliotekarska5 со 520 додадени наводи и збогатени статии
  • Трета награда: купон во вредност од 2.000 македонски денари – P.Nedelkovski со 281 додадени наводи и збогатени статии

Честитки за учесниците и добитниците на награди!

Уредувачки натпревар „Хемиски елементи и изотопи”- учествувајте и освојте награди

Викимедија МКД секогаш се стреми кон збогатување на содржината на Википедија и нејзините сродни проекти. Создавањето нови статии на различни теми и подобрување на постоечките се меѓу најважните приоритети на организацијата. Токму поради тоа, Викимедија МКД организира голем број уредувачки натпревари и уредувачки маратони со цел збогатување на Википедија на македонски јазик.

Уредувачки натпревар на тема „Хемиски елементи и изотопи“ — има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Хемиски елементи и изотопи“. Натпреварот се одржува од 10 февруари 2025 година до 9 март 2025 година.

Главна тема на натпреварот се хемиските елементи и нивните изотопи, и сите статии поврзани со нив ќе бидат признаени и бодувани. Може да се уредуваат и постоечки статии каде бодувањето ќе се врши во поглед на додадената количина нов материјал, како и севкупното средување на постоечката статија.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале. Статиите ќе ги прегледува Оценувачкиот одбор, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Оценувачкиот одбор ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Наградите за овој натпревар ќе бидат вредносни купони. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. За да се освои било која награда, потребно е да се создадат или подобрат најмалку 25 статии оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на Оценувачкиот одбор. Наградите се следниве:

  • Прва награда за најдобар уредник  – вредносен купон во висина од 12.000 денари.
  • Втора награда за најдобар уредник  – вредносен купон во висина од 6.000 денари.
  • Трета награда за најдобар уредник  – вредносен купон во висина од 3.000 денари.

Покрај овие три награди, овој уредувачки натпревар предвидува и:

  • Награда за најдобра статија – вредносен купон во висина од 5.000 денари
  • Награда најдобар нов учесник – вредносен купон во висина од 2.000 денари

Сите учесници во натпреварот коишто ќе уредат најмалку 10 статии ќе добијат посебно изненадување доколку во натпреварот вкупно бидат уредени најмалку 300 статии.

Учествувајте и освојте награди. Заедно ја правиме Википедија подобра, поквалитетна и подобро напишана енциклопедија!

Одржана обука за ученици од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито”-Скопје

Викимедија МКД постојано ја покажува својата посветеност кон образованието и развојот на младите преку организирање обуки, кои им даваат на младите луѓе не само можност да научат нови вештини, туку и да ги применат на начин кој е од корист за заедницата. Фокусот е насочен кон нивното активирање и поттик да станат волонтери и уредувачи на Википедија, со што стануваат значаен дел од глобалното движење на слободното знаење. Со обуките за ученици, Викимедија МКД има за цел да ги инспирира младите генерации да го прифатат концептот на слободно знаење и да станат активни учесници во создавањето на содржини достапни за сите.

На 6 февруари 2025 година во просториите на Викимедија МКД во МКЦ во склоп на редовните обуки кои се одржуваат секој четврток и сабота беше одржана обука за ученици. На обуката учествуваа 5 ученици од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито”под раководство на координаторката Ирена Трајковска Стерјовска.

Првиот дел од настанот говор одржа Боса Филиповиќ, менаџер за образовна програма на Викимедија МКД  која ги запозна учениците за самата енциклопедија, како функционира Википедија,  како правилно да се користи Википедија како информативен извор за точни и потврдени информации, најчестите грешки што се прават при уредувањето и исто така ги презентираше основните принципи на Википедија.

По предавањето следуваше заедничко уредување на тема Запознајте ја Словенија , која е тема на моменталниот уредувачки маратон за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува од 1 февруари 2025 до 28 февруари 2025, а е во организација на Здружението Викимедија МКД во соработка со Словенечкиот центар – Скопје, поддржан од Амбасадата на Словенија во Скопје.

Учесниците, потпомогнати од организаторите, уредуваа, подобруваа и објавуваа статии на Википедија на македонски јазик. Вкупно беа напишани 5 статии.

Преку фотографскиот материјал ви прикажуваме дел од атмосферата на овој настан.

Одржана конференција за наставници во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито”- Скопје

Викимедија МКД посветено работи на тоа да обучи што повеќе луѓе за уредување на Википедија на македонски јазик. Со своите бројни активности и проекти, организацијата не само што ја проширува и унапредува содржината на Википедија на македонски јазик, туку и создава силна волонтерска заедница која заеднички придонесува кон остварувањето на целите на движењето Викимедија.

Меѓу клучните иницијативи се конференциите за наставници, каде што наставниците се обучуваат за користење на Википедија. Во свет каде што пристапот до информации е побрз и полесен од кога било, улога на наставниците како едукатори не е само да пренесат знаење, туку и да ги поттикнат учениците критички да размислуваат, да истражуваат и да придонесуваат кон отворено и достапно знаење. Токму Википедија, како најголема слободна енциклопедија, нуди огромен потенцијал за тоа. На овие конференции наставниците добиваат корисни алатки и насоки за тоа како оваа дигитална енциклопедија да стане дел од наставниот процес, отворајќи нови можности за учење и истражување во образованието.

 

Па така, на 4 февруари 2025 година Викимедија МКД одржа конференција за наставници во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито” во Скопје. Оваа конференција беше посетена од 24 учесници, наставен кадар на училиштето кој пројави силна желба за користење на Википедија, како средство за наставни цели, така и како место каде се создаваат нови слободни содржини. Конференцијата започна во 12 часот во просториите на училиштето.

Најпрво се обрати Снежана Штрковска, извршен директор на Викимедија МКД  која ги запозна учесниците за самата енциклопедија, како функционира Википедија, кои се придобивките од употребата на Википедија како наставно средство и како правилно да се користи Википедија како информативен извор за точни и потврдени информации. По неа се обрати Ирена Трајковска Стерјовска која  ги запозна учесниците со својата работа и за достигнувањето на вики клубот која го води таа, а функционира во рамките на здружението. На самиот крај се обрати Боса Филиповиќ, менаџер за образовна програма на Викимедија МКД која која детално ги објасни најчестите грешки што се прават при уредувањето и ги презентираше основните принципи на Википедија.

Конференцијата помина во пријатна и работна атмосфера. На крајот од конференцијата, наставниците изразија голем интерес за понатамошна соработка со Викимедија МКД, а многумина од нив ја искористија можноста да постават конкретни прашања и да добијат практични совети за тоа како да започнат со уредување на содржини на Википедија. Како резултат на оваа средба, беше договорено организирање на дополнителни обуки и работилници, каде наставниците ќе можат да стекнат подетални вештини за користење и уредување на енциклопедијата.

Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон збогатување на слободното знаење на македонски јазик и поттикнување на учениците активно да учествуваат во градењето на дигиталната писменост. Со вакви активности, Викимедија МКД продолжува да ја зајакнува мрежата на едукатори и волонтери, создавајќи силна заедница која работи на проширување на достапноста на знаењето за сегашните и идните генерации.

Дел од атмосферата ви ја доловуваме преку фотографски материјал кој може да се погледне на следнава врска.